ФОТО+ВИДЕО | Зелен гоблин се појави на црвениот тепих на Еми: Кој е ова по ѓаволите?

Фото: ЕПА / Принтскрин / Твитер

Синоќа се одржа 75. доделување на Еми наградите на кои бројни ѕвезди прошетаа на црвениот тепих. Славните блеснаа на црвениот тепих во Лос Анџелес, а особено познатите дами се потрудија да ја покажат својата модна комбинација.

Сепак, зелениот гоблин кој се појави на црвениот тепих меѓу присутните привлече најголемо внимание, а многумина се прашуваа кој се крие зад маската. Фотографии и видеа од зелениот гоблин ги преплавија социјалните мрежи.

„Зошто зелениот гоблин е на Еми?“; „Кој е тоа по ѓаволите?“; „Ме уплаши“, беа дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.

 

Зад маската на зелениот гоблин всушност беше дрег-кралицата Принцезата Попи, која се натпреваруваше во 15. сезона на шоуто „Дрег-трката на Ру Пол“ (RuPaul’s Drag Race), која подоцна позираше со сите натпреварувачи од шоуто.

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Принцезата Попи, која не го открива своето име во јавноста, живее во Сан Франциско и беше втора во низата што беше елиминирана од шоуто.

Објавени номинациите за наградите „Еми“: Листата ја предводи серијата „Succession“

Објавени номинациите за наградите „Еми“: Листата ја предводи серијата „Succession“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот