ФОТО+ВИДЕО | Србинка руши рекорди со својот задник: Се чувствува секси и моќно, сака да се здебели уште 25 килограми

Наташа Краун
Наташа Краун / Фото: Принтскрин Инстаграм/Јујтуб

Наташа Краун има 30 години и е една од најпознатите шведски плус сајз модели.

Има српско потекло, а моментално живее и работи во Гетеборг. Краун е висока само 155 сантиметри и тешка 135 килограми. Како што вели нејзин идол е Ким Кардашијан, а тврди дека го зголемува задникот за да се чувствува „секси и моќно“.

Имала три бразилски операции за зголемување на задникот и сега има обем на колк од дури 198 сантиметри.

Наташа во својата младост / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Младата Србинка внесува повеќе од 6.000 калории дневно за да се здебели, а деновите ги поминува конзумирајќи пици и слатки. Како што признала може да изеде повеќе од шест килограми чоколаден крем месечно.

„Мојата трансформација шокираше многу луѓе. Се здебелив многу, но морам да се здебелам уште 25 килограми. Тешко е да се одржува ова тело. Мора да јадете многу, околу 6.000 калории дневно и мора да вежбате многу“, изјавила таа во една прилика.

Со естетски зафати почнала на само 20 години, а колку се променила најдобро покажуваат нејзините стари фотографии – на кои сè уште била „природна“.

Трансформацијата на Наташа / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Денес Наташа заработува со продавање фотографии и видеа од своето тело и задникот на обожавателите ширум светот. На социјалната мрежа „Инстаграм“ ја следат повеќе од 2 милиони луѓе!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот