ФОТО+ВИДЕО | Првиот вегански лосос во светот направен со 3Д печатач се појави во супермаркетите

3Д печатен вегански лосос - Фото: Revo Foods / Ferrari / Profimedia

Различни видови храна веќе се прават со помош на 3Д печатач, но ова е прв пат некој производ да достигне индустриско ниво.

Печатена алтернатива на филети од лосос, наречени „филети инспирирани од лосос“, се продава во австриските продавници и се смета за прва 3Д-печатена храна што се појавила на полиците на супермаркетите, објави „ИФЛ Саенс“ (IFLScience).

– Ова е пресвртница во индустриското 3Д печатење на храна, започнуваме креативна револуција во прехранбената индустрија, ера во која храната се произведува во согласност со потребите на потрошувачите – изјави Робин Симса, извршен директор на компанијата „Риво фудс“.

3Д печатен вегански лосос – Фото: Revo Foods / Ferrari / Profimedia

Како и некои други замени за месо, оваа замена за лосос е направена од микопротеин, кој се добива од филаментозни габи. Што се однесува до хранливите материи, производот има голем број витамини, па дури и омега-3 масни киселини. Се смета дека има висока содржина на протеини со околу 9,5 грама на 100 грама производ, иако тоа е половина од содржината на протеини од месото од вистинскиот лосос.

Истражувачите со години работеа на развој на 3Д печатена храна и досега се појавија разни печатени прехранбени производи, но досега тоа не го достигна индустриското ниво.

Различни компании најмалку една деценија работат на развој на различни видови месо од лабораторија, некои за да го намалат загадувањето произведено во земјоделското производство, други за да создадат веганска алтернатива на вистинското месо.

Првото тестирање на говедска плескавица одгледувана во лабораторија беше организирано на 5 август 2013 година, а од 2020 година месото од епрувета се продава во Сингапур и Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот