ФОТО+ВИДЕО | Обожавателка ја расплака Адел: Ти ми помогна да го преживеам разводот

Фото: Profimedia/Инстаграм/Адел

Британската пејачка Адел е позната како „кралица на баладите за раскинување“, која со своите песни им има помогнато на многумина кои минале низ тешката фаза на преболување поранешни партнери.

Иако вообичаено Адел е таа која успешно нѐ расплакува со нејзините стихови, нејзината обожавателка Ребека Феинглос од САД успеала да го направи спротивното – да ја расплаче Адел.

Оваа 33-годишна Американка неодамна се развела од сопругот по 6 години брак, нешто што успеала да го преживее благодарение на музиката на британската пејачка. Поради тоа, одлучила на некој начин да го прослави разводот, заедно со нејзините 13 пријателки, на еден концертите на Адел во Лас Вегас.

Фото: Rebecca Feinglos / SWNS / SWNS / Profimedia

Ребека навистина се подготвила за концертот – си купила венче на кое пишувало „разведена девојка“ и зела транспарент на кој пишувало: „Ти ми помогна да го преживеам разводот“.

Адел ја приметила во публиката и била навистина трогната од нејзината порака.

„Знам сѐ за скршените срца. Навистина ме трогна тоа што си ги понела пријателките со тебе. Врските пропаѓаат, без разлика дали станува збор за брак или не, и тоа е тешко. Разделбите се трауматични“, изјавила Адел на концертот кога ја здогледала Ребека.

Фото: Rebecca Feinglos / SWNS / SWNS / Profimedia

Во изјава за британскиот медиум „Метро“, Ребека раскажала дека било навистина неверојатно што Адел ја приметила и што ѝ посветила внимание.

„Не ми се верува дека тоа се случи. Целиот викенд во Лас Вегас беше како на филм“, изјави таа за „Метро“.

„Да се чуе тоа од Адел беше неверојатно. На крајот од концертот, кога сите ја поздравивме со стоечки овации и плачевме, Адел ни се приближи и ми кажа дека знае како сум се чувствувала и низ што сум поминала бидејќи и таа поминала низ тоа. Тоа беше неверојатен момент со мојата омилена пејачка“, додала Ребека.

Фото: Rebecca Feinglos / SWNS / SWNS / Profimedia

Жената објаснила дека токму албумот „30“ на Адел ѝ помогнал во тој тежок период.

„Нејзиниот албум беше централен момент во мојот начин да ја канализирам болката. Уметноста навистина знае да допре до нас, а албумот ‘30’ ми покажа дека не сум сама“, објаснила обожавателката на Адел.

Повеќе на темата:

Адел ја отвори душата пред своите обожаватели и проговори за своето ментално здравје

Адел реши да студира: Ако не бев пејачка, јас ќе бев професорка по англиски јазик

„Никогаш не сум била посреќна“: Адел објави фотографии без шминка за својот 34. роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот