Адел реши да студира: Ако не бев пејачка, јас ќе бев професорка по англиски јазик

Адел
Адел во својот нов видеозапис за песната „I Drink Wine“ / Фото: Инстаграм/Адел

Британската пејачка Адел сподели дека ќе ја паузира својата музичка кариера за да се посвети на студиите по англиска книжевност.

Пред неколку дена, пејачката го објави видеозаписот за нејзината песна „I Drink Wine“. За време на промоцијата на видеозаписот во Лос Анџелес, Адел им откри на нејзините обожаватели дека има намера да се фокусира на студиите, но и дека жали што не се запишала на факултет кога била помлада.

Наредниот месец, Адел ќе одржи серија концерти под името „Викенди со Адел“ во Лас Вегас.

„Навистина сакам да се потсветам на студиите по англиска книжевност после концертите во Лас Вегас. Ако немав успешна музичка кариера, мислам дека ќе бев професорка. Мислам дека ќе бев наставничка по англиски јазик. Дефинитивно, јас сметам дека ја користам мојата страст кон англискиот јазик во она што го правам. Иако е многу веројатно дека нема да добијам работа по дипломирањето, требаше да се запишам на факултет кога бев помлада, ќе беше убаво да го имав тоа искуство. Како и да е, и сега нема да се запишам на универзитет, ќе имам онлајн-настава и ќе учам со ментор. Тоа е мојот план за 2025 година – да стекнам квалификации“, објаснила Адел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Адел се најде на врвот на музичките топ-листи со нејзиниот албум „30“, кој го објави минатата година, а песната „I Drink Wine“ е нејзиниот трет сингл. Со ова музичко парче пејачката раскажува како нејзините пријатели ѝ помогнале да ја преболи разделбата со Симон Конецки во 2019 година.

„Тие доаѓаа кај мене, а потоа ја ‘пиевме’ мојата тага. Дојдов до точка каде што сфатив: ‘Не можам повеќе да пијам. Јас не напредувам. Јас сум пијана цело време’. За жал, алкохолот ми беше лек кога се чувствував лошо“, се сеќава Адел.

Адел: Никогаш не сум била толку вљубена, сакам уште деца. Јас сум домаќинка и матријарх

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот