ФОТО+ВИДЕО | Неверојатно откритие на северот на Месопотамија: Пронајдена најголемата реалистична човечка скулптура

Фото: Профимедиа / Јутјуб

Во Гобекли Тепе и Карахан Тепе, Турција откриени се неверојатни наоди, меѓу кои и најголемата и неверојатно реалистична човечка скулптура и првата насликана статуа на животно ,пишува „Аркеоњус“.

Скулптурите се пронајдени при најновите ископувања на девет археолошки локалитети како дел од проектот „Камени могили“ (турски: „Taş Tepeler“), кој фрла нова светлина врз периодот на праисторијата.

Фото: Ozan KOSE / AFP / Profimedia

За време на неодамнешните ископувања во Карахан Тепе, откриена е најголемата позната праисториска човечка скулптура. Станува збор за машка фигура во седечка положба фиксирана на камена плоча, висока 2,3 метри, со неверојатно реалистичен израз на лицето, нагласени ребра, ‘рбет и коски на рамената. Човечката фигура е прикажана како држи фалус во двете раце.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

На истиот простор пронајдена е скулптура на птица поставена на предната страна на клупата на која се пронајдени и камени плочи. На скулптурата јасно се гледа клунот, очите и крилјата.

Исто така, при спроведените истражувања од турското Министерство за култура и туризам, во Гобекли Тепе беше пронајдена и статуа од варовник на дива свиња во природна големина. Скулптурата, која има остатоци од црвен, бел и црн пигмент на својата површина, е првиот насликан примерок во природна големина од своето време до денес.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Во Турција, земјата на античките цивилизации, активно се спроведуваат археолошки ископувања и проекти за реставрација во историските области за да се обезбеди одржливост на културното наследство.

Земјата во моментов води во светот по бројот на археолошки проекти, а бројот на археолошки ископувања и студии во Турција се очекува да достигне 750 до крајот на 2023 година.

Истражувањата на овие локалитети во одредени региони обезбедуваат сеопфатно разбирање на минатите настани. Таков проект е „Камени могили“ („Taş Tepeler“).

Обемот на проектот во регионот, кој се спроведува под раководство на професорот Нечми Карул, раководител на Катедрата за праисториска археологија на Универзитетот во Истанбул, дава увид во технолошките, еколошките и социјалните аспекти на првите населени територии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот