ФОТО+ВИДЕO | Не ѝ е омилена: Ана Винтур ја игнорирала Ким Кардашијан на Модната недела во Париз

Ким Кардашијан и Ана Винтур / Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

Љубителите на модата, но и на шоу-бизнисот, љубопитно ги следат сите новости во врска со Модната недела во Париз, која почна на 25 септември, а завршува утре.

Меѓу оние кои имаа свое модно шоу во француската метропола е и британската модна дизајнерка и пејачка, Викторија Бекам. Таа ја претстави својата колекција пролет/лето за 2024 година на гламурозна ревија во петокот (29 септември), на која присуствуваа повеќе познати личности.

Но, она што го привлече вниманието на јавноста беше однесувањето на главната уредничка на американското издание на реномираното списание „Вог“, Ана Винтур, кон ѕвездата на реалните шоуа – Ким Кардашијан.

Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

Корисниците на социјалните медиуми се убедени дека Винтур ја игнорирала Кардашијан, па дури и дека во даден момент го сменила своето место на седење за да ја избегне.

Но, спротивно на шпекулациите, подоцна било потврдено дека двете го проследиле шоуто – една од друга. Сепак, неминовно е да се забележи дека говорот на телото на Винтур индицира на тоа дека Кардашијан не ѝ е најомилена јавна личност и дека, делумно, била на дистанца од неа.

Инаку, Ким Кардашијан пристигнала на ревијата во друштво на нејзината мајка, Крис Џенер, и партнерот на мајка ѝ – Кори Гембл.

ФОТО | Протече фотографија која е доказ дека Ким Кардашијан го уништила култниот фустан на Мерилин Монро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот