ФОТО | Протече фотографија која е доказ дека Ким Кардашијан го уништила култниот фустан на Мерилин Монро

Фото: Профимедиа

Ким Кардашијан беше одлучна во намерата на овогодинешната Мет Гала одржана во мај да се појави во култниот фустан на легендарната Мерилин Монро. Иако за потребите на фустанот драстично ослабе и иако музејот „Ripley’s Believe It or Not“, кој го купи модниот уникат во 2016 година за 4,8 милиони долари и ја чуваше под посебни услови – на температура од 68 степени и влажност на воздухот од 40 до 50 отсто, во договор со реалити ѕвездата, направиле се да не го оштетат – фустанот и официјално е уништен.

Фото: Профимедиа

Ким Кардашијан шеташе по црвениот тепих на Мет Гала во незаборавниот светкав фустан што го носеше Мерилин Монро на 19 мај 1962 година, на прославата на 45-тиот роденден на тогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди.

Фустанот, кој е дел од поп-културната историја и кој е наречен „национално богатство“, по Мет Гала повеќе не изгледа повеќе исто.

Како што во меѓувреме се дозна, Ким не можела да го закопча фустанот, па останала откопчана на грбот и се водело сметка материјалот и кристалите да останат неоштетени.

И покрај сите мерки на претпазливост, фустанот, сепак, е уништен. Фотографијата пред и по Мет Гала открива дека фустанот е искинат, материјалот се проширил и на поедини места испаднале кристалите, а текстурата и квалитетот на работата на Боб Меки повеќе не се исти.

Познатиот фустан на Мерилин Монро, Фото: Instagram, Profimedia

„Браво, го уништи за 11 минути, толку долго го носеше“, „Можеше да носи реплика, но не, таа го сакаше оригиналот и сега е готово“, „Не знам што очекувавме“, „Мерилин сега се превртува во гроб“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи под споредбата на фотографиите од фустанот пред и по носењето на Ким Кардашијан.

„Многу сум разочаран што овој легендарен фустан стар 60 години, некој го носи во јавноста“, рекол за „Њујорк пост“ Мајкл Морган, автор на книгата „The Girl: Marilyn Monroe, Seven Year Itch, and the Birth of an Unlikely Feminist“, ден по Мет Гала.

Тој додал дека фустанот е многу чувствителен и дека се чува во специјални услови, но дека е злоупотребен за црвениот тепих.

Морган Мајкл наведува дека парфемот, шминката и потта можат трајно да го оштетат. Од друга страна, шминкерот на Ким Кардашијан, како што пишува „Њујорк пост“, рекол дека Ким направила сè фустанот да остане во совршена состојба и дека го третирала со почит и достоинство.

Нина Боски, продуцентка на документарната серија и подкастот посветен на животот на Мерилин Монро, изјавила дека Ким Кардашијан во познатиот фустан на Мет Гала не е момент за паметење.

Скот Фортнер, историчар и колекционер, рекол дека Ким во фустанот на филмска дива ги разбеснил луѓето затоа што тоа било „светилиште“ кое го носела само Мерилин.

Бизарно: Ким го „извадила“ задникот и ослабнала 8 килограми за да влезе во прочуениот милионски фустан на Мерилин Монро

ФОТО | Најлудите модни креации кои ја одбележаа овогодинешната Мет Гала

Дизајнерот на фамозниот фустан на Мерилин: Ким Кардашијан немаше право да го носи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот