ФОТО+ВИДЕО: Голем пожар во дворот на Охис

Фото: Слободен печат/ Методи Здравев

Пред неколку моменти избувна пожар во дворот на фабриката Охис. Црн дим и страшна миризба се шири во околината.

Од Центарот за управување со кризи за „Слободен печат“ велат дека знаат за пожарот и работат на негово локализирање. Засега не се знае причината за избувнување на пожарот.

„Од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во поранешената Фабрика “ОХИС”, каде што е опожарен оџак и дрвна маса во еден од објектите на истата. Известени се БППЗ на град Скопје“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

 

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот