ФОТО+ВИДЕО | Емоционален ролеркостер: Солзи и насмевки на лицето на Бен Афлек на медениот месец со Лопез
Пејачката Џенифер Лопез го прослави својот 53-ти роденден на 24 јули, на романтично патување, односно на меден месец, со својот сопруг Бен Афлек во „градот на љубовта“ – Париз.
View this post on Instagram
Бидејќи парот штотуку се венча, папараците будно ги следат, а за роденденот на пејачката ги уловија во еден еминентен француски ресторан.
View this post on Instagram
Меѓутоа, она што најмногу привлече внимание таа вечер беа солзите и зацрвенетото лице на Афлек.
Happy moments 😍😍😍@JLo @BenAffleck pic.twitter.com/vhiq4kmgD9
— Zineb.jlover_4_ever 💚 (@z_jlover4ever) July 25, 2022
Фановите на парот веруваат дека Бен едноставно бил емотивен и раздразлив и поради роденденот на Џеј Ло и поради неодамнешната венчавка, а таа додека тој плачел цело време го гушкала и тешела.
View this post on Instagram
Само неколку моменти подоцна, по силните прегратки на Џенифер, лицето на Бен од солзи премина во насмевка, од која можеме да заклучиме дека биле солзи радосници.
View this post on Instagram
По вечерата следеше роденденска торта за славеничката, а откако славеничката си замисли желба и ги дувна роденденските свеќи, парот се вратил во хотелот каде што престојувале.
View this post on Instagram
Парот беше уловен од папараците и на ова патување како се држат за раце и се шетаат, како седат на клупа во парк и се бакнуваат исто како заљубени тинејџери.