Фотоизложба на Александар Кондев: „Лицата на Европа“ се претставени во „Мала станица“

Изложбата со фотографии „Лицата на Европа“ од македонскиот фотограф Александар Кондев е поставена во „Мала станица“ во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје“.

Фотографиите на Кондев се настанати во последниве децении за време на негови лични патувања, како и на патувања со ансамблот „Орце Николов“ на најпознатите фолклорни фестивали во Европа.

Покрај портретите во нивната средина на живеење, на фотографиите може да се види сета убавина на традицијата и фолклорот што се негува на различни страни на европскиот простор.

Лицата на портретираните покажуваат колку луѓето на Европа се културолошки блиски, многу поблиски од што мислиме во секојдневието.

(Текстот и фотографиите се објавени во „Културен печат“ број 104, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 6-7 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот