ФОТО | Запознајте го Скутер, најгрдото куче на светот за 2023 година

Фото: Instagram/ Profimedia

Седумгодишното куче без влакна, со деформитет на задните нозе, е прогласено за најгрдото куче на светот за 2023 година, откако било спасено од сигурна смрт, пишува „Гардијан“.

На голема радост на сопственичката Линда Селест Елмквист, кучето, по име Скутер ги освои сите врвни почести на годинашниот натпревар за грди кучиња, што се одржа на саемот „Сонома-Марин“ во Петалума, Калифорнија.

Фото: Philip Pacheco / AFP / Profimedia

Скутер бил посвоен од Линда, седум месеци, откако неговиот претходен сопственик повеќе не можел да се грижи за него. Поради својот деформитет, каде неговите задни нозе се неправилно поставени, се соочил со опасноста од евтаназија. Но, благодарение на локална организација за спас на кучиња, Скутер добил шанса да живее нормален и мирен живот.

Со помош на соодветна терапија и специјализирана количка, Скутер почнал да оди и не се забележувало дека е поразличен од останатите кучиња. Сега, тој успева да оди самостојно, користејќи ја силата на своите предни нозе.

Фото: Philip Pacheco / AFP / Profimedia

„Пресреќна сум и неверојатно горда што Скутер е крунисан за победник на натпреварот за најгрди кучиња во светот за оваа година. И покрај предизвиците со кои се соочи поради неговите деформирани задни нозе, Скутер ни го покажа вистинското значење на издржливоста и одлучноста“, изјавила сопственичката Линда.

Натпреварот започнал да се одржува уште во седумдесетите, а негова цел е да ги прослави несовршеностите, што всушност ги прават сите кучиња посебни и уникатни. Кучињата кои се натпреваруваат, најчесто се од засолништата за спасување на напуштени кучиња.

Оваа година, Скутер ги освои срцата на судиите и ја доби главната награда од 1.500 долари и трофеј.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот