ФОТО + ВИДЕО | Непостапувањето е учество: Со полициски сирени започна Осмомартовскиот протестен марш

Фото: Слободен печат/Михаило Донев

Пред седиштето на МВР започна петтиот поред Марш за правата на жените, по повод Меѓународниот ден на жената.

Фото: Слободен печат/Михаило Донев

Со повеќе транспаренти со различни натписи и главниот слоган ,,Непостапувањето е учество, како и со полициски сирени, присутните започнаа со Маршот којќе заврши кај Жена Парк Борец, каде се очекуваат и обраќања.

Фото: Слободен печат/Михаило Донев

,,Насилството мора да се казни”, ,,Отпор”, ,,Не глумете жртви”, не биди деген”, се дел од транспарентите на протестот.

Годинава Осмомартовскиот протестен марш го одбележува случајот со „Јавна Соба”, поради што демонстрантките одново ќе побараат од институциите казни за сторителите и расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот