ФОТО+ВИДЕО | Хаос во Минеаполис: Масовни протести откако момче било убиено во близина на местото каде умре Џорџ Флојд

Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кои во неделата протестираа во предградието на Минеаполис заради убиството на Афроамериканец за време на интервенција на полицијата на место одалечено околу 15 километри од локацијата на која минатата година животот го изгуби Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на брутална полициска интервенција.

Демонстрантите се собраа после убиството на 20-годишниот Афроамериканец Донте Рајт и за време на протестот извикуваа „Правда за Џорџ Флојд“ и оштетиле две полициски возила.

Во претходното соопштение од полицијата е наведено дека младиот Донте Рајт бил рутински запрен додека управувал со автомобилот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Shade Room (@theshaderoom)

За време на проверката било утврдено дека за него е распишана потерница.

После обидот да се уапси, тој седнал во автомобилот пробувајќи да избега од местото, но еден од полицајците пукал во него.

Тој сепак избегал, но недалеку од местото на инцидентот удрил во друг автомобил и починал.

Деновиве во Минеаполис е тензично бидејќи во тек е судењето на полицаецот Дерек Шовин кој минатата година брутално го усмрти Џорџ Флојд, по што во САД, но и во целиот свет почнаа масовни протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот