Фото: Принтскрин/ Икс/WMUR TV

ФОТО | Вандализиран споменикот на Ана Франк во Амстердам

Споменикот на Ана Франк во Амстердам, Холандија е вандализиран со графит „Газа“ испишан со црвено, соопшти полицијата.

Полицијата во Амстердам отвори истрага за инцидентот, а сè уште никој не е уапсен.

Споменикот се наоѓа во парк во близина на местото каде што живееле Ана Франк и нејзиното семејство пред да бидат принудени да се кријат од нацистите за време на Втората светска војна.

Вандалскиот чин најостро го осуди градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, посочувајќи дека на ниту еден Палестинец не му помогнало тоа што споменикот е оштетен и дека нема оправдување за оваа постапка, пренесува „Си-ен-ен“.

Портпаролот на полицијата за „Си-ен-ен“ изјави дека полицијата добила пријава за вандализам во вторникот попладне.

Да потсетиме, Ана Франк беше уапсена во 1944 година со уште седум Евреи, кои речиси две години се криеле од нацистите во Амстердам, по што биле депортирани во концентрациониот логор Берген Белсен во Германија, каде што Ана починала кога имала 15 години.

Зад себе оставила дневник што го водела и во кој ги опишала ужасите на холокаустот, а го објавил нејзиниот татко во 1947 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот