ФОТО | Вака изгледа кога умира ѕвезда: Телескопот Џејмс Веб снимил неверојатна сцена

Прстенеста маглина/ Фото: Принтскрин/ Твитер/ SPACE.com

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) снимил хипнотизирачки слики од завршните фази на животот на далечна ѕвезда.

Тие покажуваат невидено ниво на детали на структура слична на крофна од блескав гас, позната како престенеста маглина, пренесе „Би-би-си“(BBC).

На околу 2.600 светлосни години од Земјата, маглината се создава од ѕвезда што умира која ги исфрлила нејзините надворешни слоеви во вселената. Сликите би можеле да дадат клучни сознанија за животниот циклус на ѕвездите, велат научниците.

Маглина е термин што се користи за ѕвезда која го исфрла својот материјал во вселената во моментите на умирање, кога произведува прстени со живописно обоени, меурчиња кои се шират и пукаат, како и облаци и прашина.

„Заедно со сложените детали на разнобојната обвивка на маглината, сликите го откриваат и внатрешниот регион околу централното „бело џуџе“ масовно густа ѕвезда со големина приближна на планета“, рече д-р Мајк Барлоу, ко-водач на тимот астрономи кои ги објавија снимките.

„Сведоци сме на последните поглавја од животот на една ѕвезда, преглед на далечната иднина на сонцето, така да се каже, а набљудувањата на JWST отворија нов прозорец во разбирањето на овие вселенски настани кои влеваат стравопочит.

Можеме да ја користиме маглината како наша лабораторија за да проучуваме како се формираат и еволуираат планетарните маглини“.

Таканаречените „планетарни маглини“ е погрешен назив кој датира од 18 век, кога астрономот Вилијам Хершел ги помешал нивните криви форми со оние на планетите.

Прстенестата маглината е добро позната „планетарна маглина“, која се наоѓа во соѕвездието Лира и е видлива во текот на летото.

Се формирала кога ѕвезда на умирање експлодирала испушатајќи голем дел од својата супстанција во вселената, создавајќи различни обрасци, блескави прстени и мрачни облаци кои изгледаат како да се брануваат нанадвор.

„Воодушевени сме од деталите на сликите, тие се подобри од сите што сме ги виделе досега“, рече Алберт Зијлстра, професор по астрофизика на Универзитетот во Манчестер.

„Отсекогаш знаевме дека планетарните маглини се убави. Она што го гледаме сега е спектакуларно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот