ФОТО | Трогателната приказна која се крие зад чевлите на брегот на Дунав

„Чевлите на брегот на Дунав“
Малечко девојче покрај споменикот „Чевлите на брегот на Дунав“ во Будимпешта / Фото: EPA/BEA KALLOS

На прв поглед, споменикот „Чевлите на брегот на Дунав“ делува како обична уметничка инсталација со десетици пара чевли, наредени на брегот на реката Дунав во Будимпешта, Унгарија.

Но, историскиот настан поради кој е поставен овој споменик е навистина трогателен. Имено, тој е посветен на жртвите кои се убиени и фрлени во Дунав за време на Втората светска војна, пишува „Б92“.

Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Ференц Салаши, чија идеологија била слична на онаа на Адолф Хитлер, бил на чело на Партија на стрелестиот крст, унгарска тоталитарна нацистичка партија. Се проценува дека тој е одговорен за смртта на околу 500 илјади Унгарци со еврејско потекло, а 20 илјади биле застрелани на брегот на Дунав. Тие им наредувале на жртвите да ги соблечат чевлите, а потоа безмилосно ги убивале, а телата им ги фрлале во реката.

„Чевлите на брегот на Дунав“ е мал потсетник на оваа ужасна историска етапа. Споменикот од леано железо, составен од 60 пара чевли од четириесеттите години на 20. век, е дело на филмскиот режисер Кан Тогај и уметникот Ѓула Пауер.

Фото: EPA/NOEMI BRUZAK

Машките работни чевли, женските потпетици и детските чевлички биле специјално избрани за да го претстават ужасот што не ги поштедил ниту жените, ниту децата.

Споменикот бил поставен на 16 април 2005 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот