ФОТО: Студенти изработија проект за оживување на просторот пред „Балет“ и собираат средства за да го спроведат

Студенти од Факултетот по архитектура, Електротехничкиот и Градежниот факултет во Скопје изработиле проект со кој го редизајнирале просторот пред клубот „Балет“. 

Проектот е насловен „Плоштад Балет“, а го изработиле студентите Ана Гушева, Андреј Георгиевски, Ангела Трајанова, Асра Хамзаи и Марко Мараш, под менторство на архитектката Ирена Милојеска. Проектот е плод на работилница „Редизајн на Јавни Површини Скопје“ која се се одржа изминатата година во декември, во организација на  Скопје Лаб – Центарот за Иновации на Град Скопје.

Сега, преку онлајн кампањасобираат средства со цел да го реализираат проектот.

Целиот редизајн на просторот е детално објаснет ТУКА.

„БАЛЕТ – е  преобликувачката интервенција  на плоштадот Балет, кој претставува мал урбан џеб во самиот центар на град Скопје. Во суштината на концептот  лежи трансформабилност, односно можност да се менува просторот во различни временски интервали. Новото решение се состои од интервенции кои содржат нови елементи за седење, нови елементи за поставување на зеленило, нови светлосни елементи и апликација на силни бои со цел да го  разбуди  просторот и да му донесе нов амбиент… Преку ден плоштадот е приватно – јавен пред простор за луѓето што живеат таму и луѓето кои константо поминуваат низ него, а навечер тој простор се трансформира во збирно место за вечерните забави. Преку оваа интервенција се решава главниот недостаток, дека луѓето константо поминуваат низ овој простор а никој не се задржува во него. Сега просторот добива една друга димензија со која ќе го привлекува вниманието на луѓето“, стои меѓудругото во описот на студентите.

Моменталната состојба на просторот пред Балет:

Фото: МЕЛЕМ Фото: МЕЛЕМ 

Како студентите би сакале да изгледа:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот