ФОТО | Дури сега открија: Слика на Мондријан 75 години виси наопаку во музеите

Фото: Профимедиа

Уметничко дело на холандскиот апстрактен сликар Пит Мондријан веќе 75 години виси наопаку во различни галерии и ќе продолжи да виси, поради можни оштетувања.

Станува збор за сликата наречена „Њујорк сити 1“ (New York City I), која првпат била изложена пред 75 години, а за која една теоретичарка на уметност открила дека сето ова време висела наопаку во сите музеи, пишува „Гардијан“.

Оваа слика е од 1941 година и претставува решеткасто испреплетени линии направени од црвена, жолта, бела и црвена леплива лента. Првпат била изложена во Музејот на модерна уметност во Њујорк (MoMA), но од 1980 година е во колекција на германската сојузна држава Рајна-Вестфалија во Дизелдорф.

Начинот на кој сликата во моментот е закачена покажува дека овие линии се згуснуваат на дното, но кустосот Сузан Мајер-Бисер почнала да го истражува овој холандски авангарден уметник и сфатила дека таа треба да биде закачена сосема наопаку.

„Згуснувањето треба да биде на врвот, како темно небо. Кога им го кажав тоа на другите кустоси, сфативме дека е очигледно. Сто отсто сум сигурна дека сликата сега е наопаку“, рекла Мајер-Бисер.


Постојат и други индикации дека тоа е вистина, една слика со сличен назив изложена во центарот Помпиду, исто така, има згуснување на линиите при врвот, а постои и фотографија од Мондријан во студиото каде што оваа слика е закачена така што линиите се при врвот.

Не е познато како дошло до тоа сликата да биде закачена токму на овој начин, но во рамките на новата изложба на Мондријан, Еволуција, во Дизелдорф таа ќе остане така, бидејќи лепливите ленти и сега едвај стојат, а ако сликата се преврти наопаку, тие целосно ќе се поместат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот