ФОТО | Сите зачудени: Што прават Анџелина Џоли и „The Weeknd“ на вечера?

анџелина џоли д викенд the weekend

Анџелина Џоли и „The Weeknd“ биле видени заедно во средата вечерта во Лос Анџелес, во омиленото место на славните „Џорџо Балди“. Откако поминале часови во елитниот италијански ресторан, парот си заминал одделно. Сите се прашуваат која била причината за нивната средба, пренесува „PageSix“.

46-годишната Анџелина носела црн фустан од свила и беж мантил, додека 15-години помладиот музичар бил во едноставно издание од тексас јакна и фармерки искомбинирани со црни чизми и маица во истата боја.

Иако е можно ѕвездите да споделиле романтична вечер заедно, тие исто така можеле да се сретат од деловни причини и ништо повеќе, бидејќи пејачот имал намера да ја продолжи својата кариера во Холивуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CINÉFILO.Cl (@cinefilo.cl)

„Тие очигледно не се обидуваат да го сокријат состанокот“, рекол извор близок до раперот за „PageSix“. „Тој дефинитивно е фокусиран на влегување во филмскиот бизнис. Има нова серија на „ХБО“ во која глуми“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот