ФОТО | Се појави полугола, но сите зборуваат за нејзината фризура: Косата на Мајли Сајрус на Греми стана интернет сензација!

Фото: David Fisher / Shutterstock Editorial / Profimedia

Познато е дека Мајли Сајрус сака да експериментира со модните изданија, па овој пат не ги разочара обожавателите со своето појавување на синоќешното доделување на наградите Греми. 

Музичката ѕвезда Мајли Сајрус повторно ги „запали“ социјалните мрежи со својот храбар изглед на црвениот тепих.

Мајли Сајрус / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

По нејзиното пристигнување на наградите Греми, гледачите побрзаа да ја споделат својата реакција на нејзиниот драматичен изглед, кој се состоеше од проѕирен фустан од златна мрежа од Мејсон Марџела и високи потпетици од познатиот дизајнер Кристијан Лобутин.

Мајли Сајрус / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Додека фустанот на Мајли повеќе откриваше отколку покриваше, во исто време големо внимание привлече и нејзината фризура и го подели интернетот. Многумина ја споредија со познатите бранови на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, чии локни своевремено беа тема на озборување, бидејќи изгледаат неподвижни.

Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Други, пак, ја споредија нејзината фризура со онаа што ја носи Доли Партон, која е ѝ кума на Мајли.

„Што се случува со косата на Мајли Сајрус?“, праша еден следбеник, додека друг се пошегува дека пејачката се обидува сама да ја врати големата коса од 80-тите години.

Фото: KEVIN WINTER / Getty images / Profimedia

Нејзината фризура исто така беше споредувана со онаа на Курт Расел, а некои се пошегуваа дека изгледала како да ја удрила струја пред доделувањето на наградите.

66. издание на наградите Греми: Тејлор Свифт, Били Ајлиш и Мајли Сајрус ја одбележаа вечерта

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт испиша историја: Ја освои четвртата Греми статуетка за албум на годината и со една најава ги фрли обожавателите во транс

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт испиша историја: Ја освои четвртата Греми статуетка за албум на годината и со една најава ги фрли обожавателите во транс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот