ФОТО | Салма Хајек со потресни зборови се прости од Метју Пери: Меѓу нас имаше посебна врска

Фото: Instagram / salmahayek

По веста за смртта на Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер во стикомот „Friends“, се огласија многу познати личности од светската сцена, како и негови обожаватели.

Меѓу бројните колеги кои во неверување му оддадоа почит на актерот беше и познатата Салма Хајек која сподели неколку фотографии со него, под кои напиша потресна порака, пренесува „Пипл“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Пред два дена се разбудив со шокантната вест дека Метју Пери повеќе не е со нас. Ми требаа неколку дена да ја обработам оваа тага. Посебна врска се создава кога ги споделувате соништата со некого и работите заедно на нив за да се остварат“, напиша Салма.

Фото: Instagram / salmahayek

Актерката глумеше заедно со Пери на филмот „Fools Rush In“. Таа напиша дека за актерот овој филм е „најдобриот филм што некогаш го снимил“.

„Бев многу трогната кога Метју минатата година сподели на својот Инстаграм колку многу го сака „Fools Rush In“ и додаде дека филмот што го направивме заедно е веројатно неговиот најдобар филм. Со текот на годините, тој и јас се потсетувавме на тој важен период од нашите животи со длабоко чувство на носталгија и благодарност. Пријателе прерано си замина, но јас ќе продолжам да ја ценам твојата лудост, твојата упорност и твоето љубезно срце. Збогум сладок Метју никогаш нема да те заборавиме “, додаде актерката.

Фото: Instagram / salmahayek

Инаку, актерот Метју Пери ненадејно почина на 54-годишна возраст. Како што објави Ти-ем-зи, повикувајќи се на издржани извори, Пери наводно бил пронајден мртов во неговата хидромасажна када во саботата, а како причина за смртта е наведено „давење“. Исто така, беше соопштено дека не била пронајдена дрога во неговиот дом.

ФОТО | Биле школски другари: Канадскиот премиер Трудо се огласи по шокантната вест за смртта на Метју Пери

Творците на „Пријатели“ за Метју Пери: Ние сме благословени што беше дел од нашите животи

ФОТО | Детали за смртта на Метју Пери, пред неговата куќа татко му и полицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот