ФОТО | Реалноста наспроти социјалните медиуми: Салма Хајек „уловена“ во провокативно бикини

Фото: Profimedia/ Instagram

Салма Хајек деновиве ужива во летниот одмот во Лос Кабос, Мексико, додека е на семејно патување со јахта, пишува „Дејли мејл“.

Папараците овој пат успејаа  да ја „уловат“ латино ѕвездата во впечатливо сино-бело бикини, додека се капеше во океанот со нејзиниот сопруг, бизнисменот и милијардер Франсоа-Анри Пино.

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Познато е дека Салма може да се пофали со беспрекорно тело и провокативно деколте дури и на 56 години, но дали е тоа навистина така во живо или само на социјалните медиуми.

Откако фотографиите излегоа во јавноста, многумина се воодушевија од глетката и нејзиниот природен изглед, а некои не ја пропуштија шансата за негативни критики. Обожавателите сметаат дека нејзината фигура е нешто помалку совршена, отколку на социјалните медиуми, иако без сомнение е многу секси и изгледа одлично за своите години.

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Актерката го покажа и своето лице без шминка и седата коса, а во неколку наврати досега отворено зборуваше дека го прифаќа своето стареење и дека не користи ботокс.

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Салма тврди дека медитацијата со „часови“ и помага да се чувствува беспрекорно и да си го избистри умот, а признала дека користела радиофреквентни и микрофреквентни машини, за кои верува дека и помагаат да се затегне нејзината кожа и да се спречи појавата на поголеми брчки.

ФОТО | Селма Хаек воодушеви во розов костим за капење: Божествена, свежа и природна!

ВИДЕО | „Цензурирано“: Селма Хаек со секси танц ги збудали фановите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот