ФОТО | Потрагата по Мадона е во тек: Овие актерки се на врвот на листата за биографскиот филм

мадона филм актерки
Мадона, колаж, Фото: Инстаграм

Ќе се снима биографски филм заснован на животот на кралицата на поп музиката Мадона. Филмот, моментално е во пред продукција и наводно повеќе млади ѕвезди, ја „ловат“ посакуваната улога.

Актерките на врвот на потесниот избор се: Џулија Гарнер, Флоренс Пуг, Алекса Деми, Одеса Јанг, пејачките Бебе Реџа и Скај Фереира и актерката Ема Лерд, според „Hollywood Reporter“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShowsNmovies🎬 (@showsnmovie)

Извори за публикацијата изјавија дека кандидатите мора да издржат „исцрпувачки“ процес на аудиција со директорката на кастингот Кармен Куба, како и „Војнички камп за Мадона“, кој се состои од интензивни тренинзи за кореографија кои траат до 11 часа на ден со кореографот на Мадона и самата поп икона.

Во делот за втор повик од процесот, актерките мора да го читаат сценариото со Мадона (63), како и да прават аудиции за пеење.

„Треба да бидете способни да направите сè“, откри друг инсајдер.

Според изворите, филмот ќе ја прикажува турнејата на пејачката од 1990 година – „Blonde Ambition“, но може да има измени бидејќи сценариото сè уште се пишува.

ФОТО+ВИДЕО | Розовиот сатенски фустан што го носеа Мадона и Мерилин Монро наскоро на аукција

Мадона се појави во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ минатиот октомври и објасни зошто одлучила да создаде филм за нејзината славна кариера.

„Причината поради која го правам тоа е затоа што многу луѓе се обидоа да напишат филмови за мене, но тие секогаш се мажи“, истакна таа.

Мадона објави во 2020 година дека ќе го режира биографскиот филм и ќе го снима со сценаристот Диабло Коди. Сепак, оскаровката го напушти проектот и Ерин Кресида Вилсон се вклучи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fan Stuff! Podcast (@fanstuffpodcast)

ВИДЕО | Предлог воени филмови: Нешто за плачење, нешто за надеж

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот