ФОТО | Полицијата уапси скопјанец откако изврши претрес во неговиот дом

Пронајдено оружје во дом на Скопјанец/Фото: МВР
Пронајдено оружје во дом на Скопјанец/Фото: МВР

Полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје утрово го лишиле од слобода 62-годишниот Д.Ч. од село Љубанци, скопско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот