ФОТО | По 30 години од кражбата: Тинејџерка ја пронајде чантата на 81-годишна жена

Фото: Instagram / BBC

Рачна чанта украдена пред повеќе од 30 години е повторно во рацете на нејзината сопственичка, откако била пронајдена во Абердин, Велика Британија, пишува „Би-би-си“.

Чантата ѝбила земена на 81-годишната Одри Хеј на нејзиното поранешно работно место во градот. Се претпоставува дека крадецот земал повеќе од 200 фунти од чантата, а потоа била фрлена во реката Дон.

Фото: Instagram / BBC

Три децении подоцна, единаесетгодишната Мејзи Коутс шетала покрај реката Дон со своите родители и ја нашла старата торба со различни предмети како пенкала, монети, кармин, обетки, клуч, лекови и кредитна картичка. Мејзи и нејзините родители решиле да ја пронајдат сопственичката, со помош на социјалните мрежи.

 „Се шетав со кучето, мајка ми и татко ми и ја здогледав чаната…„Реков ‘мамо сакаш ли нова чанта?’“, вели Мејси.

Фото: Instagram / BBC

„Објавив на социјалните мрежи и на крајот ја најдовме Одри. Таа потврди дека тоа е нејзината чанта и дека е украдена пред 30 години. Моќта на социјалните медиуми е неверојатна“, раскажува мајката на Мејси.

Одри Хеј раскажа дека нејзината чанта била украдена додека била надвор од канцеларијата на тогашното работно место. Таа веднаш се јавила во полиција и ја пријавила кражбата, но од то момент немала информација за чантата и нејзините лични предмети.

Фото: Instagram / BBC

„Ова не го очекував. Неверојатно е што преживеа. Таа е единствената чант што сум ја изгубила“, вели Одри.

Младата Мејси вели дека ова е неверојатно и неочекувано искуство и е пресреќна што успеала да помогне.

Фото: Instagram / BBC

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот