ФОТО: Перо Антиќ доби еден интересен подарок од генералниот секретар на ФИБА

фото: kfsm.mk

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ оствари работна посета на Меѓународната Кошаркарска Федерација, на покана на Генералниот Секретар на ФИБА, Андреас Заглис.

На состаноците во просториите на ФИБА во Женева се говореше за поддршката од страна на ФИБА, за организација на младинските Европски првенства, за идните планови на Кошаркарската Федерација како и за бројните проекти за развој на млади и талентирани играчи.

Генералниот Секретар на ФИБА му подари и врамен записник од првиот натпревар под капата на ФИБА на кој настапи Антиќ.

Станува збор за натпревар од 17.07.1999 година во рамки на Европското кадетско првенство кое се организираше во Словенија.

фото: kfsm.mk

Антиќ на споменатиот меч, односно победата над Хрватска (105:72) за 23 минути поминати на паркетот постигна 20 поени. На тоа кадетско ЕП Македонија имаше одличен старт освојувајќи го првото место во групата „А“ пред репрезентации како Франција и Шпанија, на крајот го освои шестото место од 12 репрезентации колку што учествуваа.

Потсетување дека во изминатиот период Перо Антиќ беше реизбран за претседател на македонската кошаркарска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот