ФОТО | Пејачката Елена Миленковска и нејзиниот сопруг и колега Гуте станаа родители по втор пат

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Пејачката Елена Миленковска, македонската јавноста имаше прилика да ја запознае пред неколку години преку нејзината музика, а подоцна ја видовме и на големата сцена на „Ѕвездите на Гранд“, по втор пат стана мајка.


Елена и нејзиниот сопруг добија ќерка, а гордиот татко ја сподели среќната вест на социјланите мрежи.

„Ни се роди дада Мионааа!“ – споделил Гуте возејќи се во автомобилот заедно со малиот Максим, веројатно враќајќи се од породилиштето каде биле да ја видат гордата мајка и бебето.

За време на настапите во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“,  Елена го запозна својот сопруг, српскиот пејач Гуте Маринковиќ.


Нивната љубов пред две години ја крунисана со брак. Во Белград се роди нивниот прв наследник, синот Максим кој сега доби нова улога како постар брат.

„Животот ми се промени…“: Пејачката Елена Миленковска се повлекува од натпреварување во „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот