ФОТО | „Ова е посебен ден за нас“: Прослава во домот на тенисерката Ана Ивановиќ

Instagram
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Во домот на поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер имаше повод за славење. Славниот пар го одбележа роденденот на помладиот син Леон во кругот на семејството и најблиските пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Ана и Бастијан му приредија прекрасно изненадување на нивниот син, роденденска торта во форма на син автомобил од еден познат дизниев анимиран филм кој е омилен меѓу најмладите генерации. Поранешната тенисерка сподели момент од роденденската прослава откривајќи го слаткото роденденско изненанадувањето за Леон кое го красеа три свеќички.

„Ова е посебен ден за нас“ – напиша поранешната тенисерка во описот на објавата.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Да потсетиме, Ана Ивановиќ е во хармоничен брак со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер. Во 2018 година парот го доби синот Лука, а следната година синот Леон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот