ФОТО | Ова е новото момче на Ана Винтур: Актерот ѝ го „стопи“ срцето на ледената модна кралица

Фото: Angela WEISS/ AFP/ Profimedia

Легендарната уредничка на „Вог“, Ана Винтур синоќа пристигна на Мет гала рака под рака со британскиот актер Бил Нај и се чини дека јавно ја потврди врската со британскиот актер.

Фото: Erik Pendzich/ Shutterstock Editorial/ Profimedia

Познатите Винтур и Нај, обајцата 73, првпат ги поттикнаа гласините за нивната романса уште во 2021 година, кога уживаа во неколку заеднички романтични вечери во Италија. Тие беа видени како се забавуваат и на проекцијата на неговиот филм „Living in New York“ минатиот декември, а нивното заедничко пристигнување на Мет гала сега изгледа како јавна потврда за нивната врска, пишува „Дејли Мејл “.

Фото: Theo Wargo / Getty images / Profimedia

Познатата уредничка, која е домаќин на настанот речиси 30 години, носеше бел фустан од Шанел со дезен, додека Нај се одлучи за едноставен темен костум. Креацијата што ја избра Винтур е фустан со блескави сребрени украси и златни и виолетови детали. Изгледот го комбинирала со сребрени штикли со прерамки. Таа цврсто се држеше за раката на актерот додека заедно позираа пред фотографите.

Фото: Angela WEISS / AFP / Profimedia

Се претпоставува дека тие се познаваат со години бидејќи, парот е виден заедно на бројни модни ревии, театри и ресторани од 2015 година. Тие, наводно, се зближиле откако Ана се разделила од нејзиниот партнер Шелби Брајан, во октомври 2020 година. Последната позната врска на Бил, била со англиската актерка Дијана Квик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот