ФОТО | Избрана „птицата на векот“ – путекетеке

Фото: Leanne Buchan / AFP / Profimedia

Путекетеке, необичната „птица која блуе“ што се одликува и со свој уникатен „обред“ за парење, победи на специјалниот натпревар „Птица на векот“ што се одржа на Нов Зеланд, по контроверзната интервенција во анкетата на ТВ-водителот Џон Оливер.

Тој предизвика глобално лудило со „алармантно агресивна“ кампања за овој вид на птица.

Се проценува дека помалку од 3.000 единки останале во природата.

Конкурсот за „Птица на годината“ трае речиси две децении, но овогодинешната анкета привлече рекорден број гласови.

Оливер дознал дека во гласањето не мора да учествуваат само жителите на Нов Зеланд, туку може да се гласа од каде било низ светот, па го искористи своето популарно ТВ-шоу за да се вклучи во натпреварот и овој досега релативно непознат вид птици стекна светска слава. Така, необичната австралоазиска водна птица, којашто е загрозена од исчезнување, неочекувано победи со гласови и од Лондон, Мумбаи, Токио, Париз и други оддалечени градови и земји ширум светот.

Новозеландската интернет-енциклопедија го опишува „путекетеке“ (маорски назив за ‘голема гребенка’, на латински: ‘Podiceps cristatus australis‘) како величествена и посебна птица што ја сака водата, со впечатливи црни, бели и кафеави пердуви.

Фото: Leanne Buchan / AFP / Profimedia

Чудните „птици што блујат“, како што Оливер ги нарече, се познати по тоа што си ги јадат пердуви за да поттикнат повраќање, и така да ги исфрлат паразитите од своето тело.

Овој вид птици е познат и по својот необичен ритуал на парење, што го изведуваат со „видливо задоволство“… Но, за жал – со мал успех (се верува дека бројот на путекетеке на Нов Зеланд паднал под 1.000 единки). Мажјакот ја привлекува женката со плевел што му виси на клунот. Потоа, двете усогласени единки се удираат со градите, по што почнуваат со заедничкото „чврчорење“ при парењето, како што вели описот.

Организаторите на натпреварот соопштија дека имало вкупно повеќе од 350.000 гласови од цел свет.

Но, мешањето на Џон Оливер во гласањето вознемири многу Новозеланѓани. Активистот за заштита на птици, Мајкл Бартон-Смит, на пример., смета дека гласовите од странство „го поткопале интегритетот“ на натпреварот. Како и да е, путекетекето со над 290.000 глаови убедливо ги победи северноостровското кафеаво киви (12.900 гласа) и третопласираната кеа (12.000 гласови).

Фото: Leanne Buchan / AFP / Profimedia

Минатата година имаше негодување кога на какапо, најдебелиот папагал на светот, му беше забрането да се натпреварува затоа што беше единствената птица што претходно двапати победила.

Ова доаѓа по шокантната победа на лилјакот за птица на годината во 2021 година.

Сепак, овогодинешните контроверзии биле без преседан, на што Токи рекла дека натпреварот бил вреден, бидејќи го привлекол глобалното внимание на неволјите на птиците во земјата.

„Повеќе од 80 отсто од нашите птици се на списокот на загрозени видови… Светот нѐ набљудува и како ние се грижиме за нив.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот