ФОТО | Носена облека на Ед Ширан се продава на иБеј, купувачите се жалат дека е полна со влакна од мачки

ед ширан џејмс корден татко bad habits
Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Британскиот пејач Ед Ширан донираше повеќе од 440 парчиња од неговата носена облека, вклучително и долна облека, на една добротворна продавница која сега ја продава истата облека на „иБеј“ (eBay).

Фото: Принтскрин/eBay

Обожавателите се израдуваа на можноста да ја купат облеката на 32-годишниот пејач, но набрзо некои муштерии почнаа да ги предупредуваат другите дека некои од парчињата се покриени со влакна од мачки, пишува „Дејли мејл“. Некои се пожалија и на дамки.

Некои ја опишаа облеката како „одвратна“, но ниту дамките ниту влакната од мачката не ги одвраќаат другите купувачи кои се подготвени да платат до 255 фунти (околу 293 евра) за носената облека на Ширан. Се вели дека некои артикли се носени и на нив имаат влакна од мачки. Имено, Ед е познат љубител на мачки, а пред неколку години дури и отвори профил на Инстаграм за своите миленици.

 

Фото: Принтскрин/eBay

Во понудата се маици, кошули, панталони, долна облека, футроли за очила, очила за сонце, чорапи на маици… Но, на некои артикли стои предупредување дека не се за носење, туку само за сувенир, спомен. На пример, гаќите на Ширан од брендот „Келвин Клајн“ во моментот се продаваат по цена од 47 евра, но на веб-страницата се нагласува дека тие повеќе не се носиви. Истата ситуација е и со гаќите на уште еден пејач кои се продаваат за 110 евра.

Обожавателите на Ед Ширан можат да ги купат и неговите маици со качулка и шорцеви од модната куќа „Версаче“ за 147 евра.

ФОТО | Ед Ширан има нова восочна фигура: Изгледа како лоша копија на Борис Џонсон

Ед Ширан со морбидна одлука: Си направив гробница во дворот, кога ќе умрам ќе си одам таму

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот