Ед Ширан со морбидна одлука: Си направив гробница во дворот, кога ќе умрам ќе си одам таму

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју хајп“

Британскиот пејач Ед Ширан (32) се најде на страниците на најновото издание на списанието „Џеј кју хајп“.

Меѓу другото, тој проговори за гласините дека изградил крипта (подземна просторија која служи како гробница или за чување мошти) на неговиот имот во Англија.

„Не би рекол дека е крипта“, рекол Ширан, додавајќи дека, всушност, е капела каде што може да ги оплакува луѓето во неговиот живот кои починале. Исто така, таму организира и свадби на свои пријатели.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју хајп“

Кога се градела капелата, сфатил дека и самиот би сакал да биде погребан таму, за да имаат каде да го чествуваат неговите ќерки Лира и Jупитер.

„Тоа е ископана дупка во земјата со малку камен над неа, па кога ќе дојде денот и ќе умрам – ќе си одам таму“, објасни пејачот.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју хајп“

Со овој морбиден потег тој ги шокираше фановите кои се прашуваат зошто 32-годишниот пејач воопшто се подготвува за сопствената смрт.

„Луѓето мислат дека тоа е навистина чудно и навистина морбидно, но имав пријатели кои умреа без тестаменти, а никој не знае што да прави“.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју хајп“

Инаку, Ширан се соочи со бројни трагични загуби во животот, па многумина мислат дека тоа е причината за неговата одлука да си го ископа гробот. Имено, неговиот најдобар пријател Џамал Едвардс почина на 31-годишна возраст, го загуби и својот сакан ментор Мајкл Гудински, а потоа и колегата Шејн Вејн.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју хајп“

Можеби најтешкиот момент со кој се соочил бил кога неговата сопруга Шери Сиборн се борела со тумор додека била бремена со една од нивните две ќерки и не ѝ било дозволено да се лекува сè до породувањето. Токму во тој период ненадејно починал неговиот најдобар пријател Џамал.

„Поминав низ страв, депресија и анксиозност. Се чувствував како да се давам, со главата под површината, гледајќи нагоре, но не можев да земам воздух“, го раскажа своето искуство.

ФОТО | Ед Ширан има нова восочна фигура: Изгледа како лоша копија на Борис Џонсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот