ФОТО | Неодамна се појавија гласини дека е родена како маж: Како изгледала Брижит Макрон кога била млада

Фото: Профимедиа

Првата дама на Франција Брижи Макрон привлекува внимание каде и да се појави, како поради 24 години помладиот сопруг, така и поради елегантните комбинации.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон (44) ја запознал сопругата Брижит кога имал 15 години, а љубовната врска ја започнале три години подоцна. Работите се искомплицирале бидејќи таа му била професорка, 24 години постара од него.

Исто така, Брижит е и мајка на неговата поранешна другарка од одделението Лоренс.

Првата дама на Франција, Брижит Макрон (68) е родена во Амиен и е најмалото дете на наследниците на фабриката за чоколади Троњу, основана во 1872 година.

Брижит работела како професорка по француски и латински јазик, а од првиот брак со Андреа Луис Озиел има три деца – освен Лоренс (1977), Себастијан (1975) и Тифејн (1984).

Госпоѓа Макрон го привлекува вниманието каде и да се појави, како поради 24 години помладиот сопруг, но и поради изгледот кој модните експерти го оценија како елегантен, едноставен и ефективен.


За модниот магазин „Ел“ првата дама на Франција истакнала дека се грижи за тоа како изгледа:

„Секогаш вложувам многу напор во тоа како сакам да се претставам себеси, прашајте ги моите деца или моите ученици. Никогаш не би ја напуштила куќата ако не сум убаво облечена и ако не ми е средена фризурата“, рекла во една прилика.

А, оваа модна икона, како што ја нарекуваат странските медиуми, во младоста изгледала вака:

Инаку, неодамна се појавија бизарни теориии на заговор дека Брижит Макрон се родила како машко.

Оваа необична гласина почна да кружи на социјалните мрежи во Франција под хаштагот #JeanMichelTrogneux, а како што пишува „Дејли мејл“, првата дама има намера да покрене постапка и да поднесе тужба против иницијаторот на оваа теорија на заговор.

ФОТО | БИЗАРНО Брижит Макрон е родена како маж, првата дама ќе оди на суд да докажува дека не е машко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот