ФОТО | БИЗАРНО Брижит Макрон е родена како маж, првата дама ќе оди на суд да докажува дека не е машко

Брижит Макрон/Фото: Профимедиа/Инстаграм

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит Макрон (68), полудела кога слушнала гласини дека е родена како маж и дека нејзиното вистинско име е Жан-Мишел Троњо, па одлучила да преземе правни постапки во врска со овој случај.

Оваа необична гласина почна да кружи на социјалните мрежи во Франција под хаштагот #JeanMichelTrogneux, а како што пишува „Дејли мејл“, првата дама има намера да покрене постапка и да поднесе тужба против иницијаторот на оваа теорија на заговор.

Контроверзната теорија е објавена во екстремно десничарското списание „Факти и документи“ (Faits et Documents) во септември, а во неа се тврди дека тригодишната истрага била поддржана од „многу експерти“, објави „Си-Ен њуз“.

Овој месечник, кој излегува на 12 страници, веќе објави голем број бизарни теории за јавни личности, а новинарката Наташа Реј, за која се вели дека ги истражувала тие тврдења, неодамна даде речиси четиричасовно интервју, кое беше објавено на Јутјуб на 10 декември. Видео-интервјуто достигна 470.000 прегледи пред да биде избришано.

Потоа, хаштагот #JeanMichelTrogneux стана една од најжестоките теми за кои најмногу се дебатираше меѓу француските корисници на Твитер (повеќе од 34.000 „твитови“ беа објавени на оваа тема), а го споделија бројни „антиваксери“ и „теоретичари на заговор“.

Ова не е првпат жена да биде цел на вакви теории, бидејќи во 2017 година се појавија слични апсурдни тврдења за поранешната прва дама на САД, Мишел Обама. Така и сега овие гласини се појавија само неколку месеци пред претседателските избори во Франција, кои треба да се одржат во април следната година. Резултатите од анкетата покажуваат дека граѓаните на Франција предвидуваат дека Емануел Макрон, сопругот на Брижит Макрон, ќе освои втор претседателски мандат.


Француската десничарка Марин Ле Пен во моментот се смета за главен ривал на Макрон во претседателската трка, додека Ерик Земур исто така е во трката за француски претседател.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот