ФОТО: Нема користење телефони за време на часовите во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“

Фото: Фејсбук / СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола

Сите ученици и наставници од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ мора да ги остават своите мобилни телефони во кутии со предгради. Оваа одлука била донесена на Наставничкиот совет, а од Гимназијата порачаа дека има време за мобилни телефони, но на училиште најважен е часот и предавањето на наставникот.

Секако дека за време на одморите можат да се користат. Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет. Со оваа одлука се надеваме и очекуваме да се подобри вниманието и концентрацијата на часот, да се подобри училишниот успех на учениците но и да се намали употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието – велат од Гимназијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот