ФОТО | Наоми Кембел со моќна порака од најновата фотосесија: „Мислам дека луѓето сега навистина ќе сфатат дека вистинската убавина е во Африка“

Profimedia
Фото: Profimedia

Англиската манекенка Наоми Кембел (50) повторно покажа дека е незаменлива и на 51 година додека позираше за насловната страница на магазинот „i-D“.

Поранешниот топ модел и поранешен ангел на „Victoria’s Secret“се соблече за потребите на снимањето и покажа дека изгледа совршено и младешки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by i-D (@i_d)


Таканаречената „црна пантерка“, која влезе во светот на модата на своја 15-годишна возраст, сепак изгледа одлично за нејзините години, па многу жени ширум светот можат да и позавидат на нејзиното згодно тело и убавото лице, а сите велат дека изгледа најмалку 10 години помладо

Таа сега позираше за списанието „i-D“ во прекрасната Кенија, каде има и своја куќа, па рече:

Кога ќе ги погледнете овие слики, се надевам дека ќе видите дека Кенија е убава, дека Африка е убава, рече Наоми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by i-D (@i_d)


Мислам дека луѓето сега навистина ќе го отворат својот ум и ќе започнат да сфаќаат дека вистинската убавина е во Африка. Има толку скапоцени камења, толку многу скриени тајни. Доаѓам овде од 1994 година и сè уште ги откривам работите, истакна Наоми.

Горда сум што сум дел од оваа фотосесија со млади креативци, а притоа сите се моја боја на кожа, истакна таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by i-D (@i_d)


Кога сум во Кенија, има денови кои се помалку хаотични од другите, но јас сум секогаш зафатена. Во моментов сум повнимателна поради ситуацијата со ковид – 19, но повторно ги посетив децата во домот за деца без родители што ги поддржувам и не сакав да ги изневерам. Сакам да допрам до што е можно повеќе луѓе. Сакам да ширам свест. Има дел од мене каде што, ако сакам нешто, сакам светот да знае за тоа, рече Наоми и истакна колку е важно да им се помага на децата без родители.

Да потсетиме, убавата манекенка е родена во Лондон. Нејзината мајка е од Јамајка, но никогаш не го запознала својот татко, па отсекогаш била вклучена во хуманитарна работа, помагајќи им на децата во домовите ширум светот, а претежно во Африка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот