ФОТО | Накитена подводната новогодишна елка во Охридското Езеро

Фото: Нуркачки центар „Амфора“

Традиционално и оваа година нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска ја накитија подводната новогодишна елка во Охридското Езеро, кај Музејот на вода.

„Како и секоја и оваа нова 2023 година нуркачите од ‘Амфора’ им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство“, порачуваат од Нуркачкиот центар, честитајќи им ја Новата година на сите граѓани.

Посетителите на Музејот на вода, елката ќе можат да ја видат од денеска, па се до крајот на јануари.

Фото: Нуркачки центар „Амфора“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот