ФОТО | Накит од папочна врвца, мајчино млеко, косичка, запче: Ви ја претставуваме дизајнерката Катерина Габунија

Фото: Приватна архива

Македонски накит со папочна врвца, мајчино млеко, косичка, запче…Тренд кај младите мајки, да зачуваат спомени од своите деца заробени во накит.

фото приватна архива

Она што е тренд помеѓу младите мајки во светот и кај нас го донесе Катерина Габунија која со изработка на накит од епоксидна смола започнала од лична причина.

Скопјанка која по професија е педагог, но и голема уметничка душа, рачно изработува алки, обетки, ѓердани, од епоксидна смола, во кои става најразлични предмети, зависно од желбата на купувачите.

– За почеток читав, налетав на една статија за епоксидна смола, како на природен начин смолата од дрвото има заробено еден инсект, мислам дека се работеше за богомолка. Тоа беше моментот што ме привлече, да почнам да истражувам повеќе за епоксидната смола и се што може да се изработи со неа. Имав некои предмети што ми беа многу драги и сакав да си ги зачувам. Се работеше за моето прво праменче од коса, исечено при крштевањето, си помислив дека можам да си го заробам во некој епоксиден предмет и безбедно да си го чувам – вели Катерина.

Кај жените интересот е огромен за целата палета на производи, но посебен интерес има кај мајките, кои бараат да се стави мајчино млеко во накитот, нешто што потоа им останува како траен спомен од периодот на доење на нивните бебиња. Различни желби, поинакви мотиви, необични побарувања, но Катерина вели дека сите клиенти знаат што сакаат.

– Сум имала навистина чудни идеи како желба за создавање накит. Лично мене најчудно ми беше што една клиентка ми побара да ставам жива во накитот. Имале желба скорпија да ставам, но за живата навистина се изненадив и тоа е единственото што сум го одбила да го направам – се сеќава Габунија.

Процесот заробување предмети и е најинтересниот и најомилен дел за работа, но истовремено е најделикатен и бара голема посветеност и време. Секое парче што се изработува, претходно поминува процес за негова обработка.

– Епоксидната смола е двокомпонентна, се работи за катализатор и смола. Се мешаат двете компоненти. Температурата на смолата треба да биде 20 степени Целзиусови, не треба да биде ни ниска температурата во која се работи предметот за да не се појават меурчиња во смолата. Откако добро ќе се помешаат двете компоненти се излева смолата во калапче. Може да се додадат пигменти во боја, разни предмети, претходно добро исушени – раскажува Катерина.

Времето на работа со епоксидна смола е…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот