ФОТО | На петгодишнината од бракот: Џастин Бибер со емотивна порака за Хејли

Фото: Instagram/ justinbieber

Пејачот Џастин Бибер (29) и манекенката Хејли Бибер (26) ја прославија петтата годишнина од бракот, а по тој повод Џастин на овој ден ѝ посвети емотивна порака на својата сопруга.

Фото: Instagram/ justinbieber

Тој на својот Инстаграм профил објави неколку приватни фотографии со Хејли, а покрај нив со емотивна порака покажа колку многу ја сака.

„На мојата најмила, мојата сакана. Пет години. Ми го зароби срцето. Од длабочините на душата знам дека ова мое патување со тебе ќе ги надмине сите мои најлуди очекувања. Да продолжиме да сонуваме. Да наздравиме засекогаш. Те сакам со целото мое тело“, напиша Џастин.

Фото: Instagram/ justinbieber

Голем број на обожавателите им честитаа, а во коментарите реалити ѕвездата Клои Кардашијан напиша дека „срцето и е среќно“ за нив двајца.

Фото: Instagram/ justinbieber

Инаку, Хејли и Џастин се запознаа во 2009 година, на почетокот на неговата кариера. Започнаа да се гледаат во 2016 година, но тогаш изјавија дека нивната врска не е толку сериозна. Тие раскинаа истата година.

Две години подоцна повторно почнаа да излегуваат и набрзо потоа се верија. Истата година се венчаа на интимна церемонија, а во 2019 година направија и гламурозна венчавка.

ВИДЕО | Ремзи-Хантов синдром: Дали Џастин Бибер се избори со парализата на лицето?

ФОТО+ВИДЕО | „Типична зла девојка“: Хeјли Бибер облече бел фустан на свадбата на нејзината пријателка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот