ФОТО: Мудрик им се налути на навивачите, му нудат пари ако постигне гол

фото: EPA-EFE/DAVID CLIFF

„Што се случува со тебе? Дали заборави да играш фудбал? Ова не е доволно добро. Нешто мора да се промени. Можеби имаш индивидуални тренинзи. Секогаш кога си на терен, имаме играч помалку!“

Ова се пораките кои фрустрираните навивачи на Челси ги испратија до Михајло Мудрик на социјалните мрежи. Украинскиот фудбалер не е ниту првиот ниту последен на мета на онлајн критичарите, но Мудрик беше толку погоден од коментарот што мораше да одговори.

Дојди да играме еден на еден. Во 10.000 фунти“ – напиша 23-годишниот играч.

Сепак, потоа следеше одговорот на навивачот кој го контактираше Мудрик – зборовите ги насмеаа навивачите на другите клубови.

– Брате, во овој момент јас лично ќе ти давам пари секогаш кога ќе постигнеш гол. Ајде човеку. Вашиот следен натпревар е против Евертон – напиша еден од фановите на Инстаграм.

Дали си добар во фудбал?“ – праша Мудрик.

Те молам, дај гол“ – заврши на крајот навивачот на Челзи.

Во тековната сезона Мудрик за тимот од „Стемфорд Бриџ“ одигра 24 мечеви во сите натпреварувања, а постигна четири гола и запиша три асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот