ФОТО | „Мој живот, мои правила“: Анѓелка Прпиќ го прослави роденденот со моќна порака

Фото: Инстаграм/Анѓелка Прпиќ

Српската актерка Анѓелка Прпиќ, која неодамна го смени презимето во Стевиќ-Жугиќ, го прослави својот 39. роденден во понеделникот, на 23 октомври. По тој повод, таа сподели роденденска објава на својот инстаграм-профил.

Покрај фотографијата, на која позира со балони во форма на бројката 39, актерката напиша и моќна порака.

„Овој свет сѐ уште е добро место за живеење. Прашање е само со кого го живеете животот и на што/кому му дозволувате да ви го бои. И фраза, вредна злато, ‘Мој живот, мои правила’. Драг мој животу, јас не би те менувала ни за секунда. Одиме понатаму“, напиша таа во описот на фотографијата.

Фото: Инстаграм/Анѓелка Прпиќ

Како потсетување, актерката беше главна тема во регионалните медиуми, кога одекна веста дека е бремена со дете од најдобриот пријател на нејзиниот, сега веќе, поранешен сопруг Дарио Прпиќ. Со Прпиќ беше во брак речиси десет години, од 2011 до 2020 година, и тие имаат едно заедничко дете – синот Јакша. Со вториот сопруг, Марко Жугиќ, ја доби ќерката Чарна.

ФОТО | Анѓелка Прпиќ и нејзиниот партнер за првпат прошетаа заедно по раѓањето на нивната ќерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот