ФОТО | Анѓелка Прпиќ и нејзиниот партнер за првпат прошетаа заедно по раѓањето на нивната ќерка

Фото: Instagram/ Andjelkap

Српската актерка Анѓелка Прпиќ пред речиси еден месец се породи и на свет донесе девојче, по име Чарна.

Набрзо по породувањето, таа сподели неколку фотографии од нејзиниот беспрекорен изглед, што докажува дека мајчинството навистина ѝ годи.

Фото: Instagram/ andjelkap

Овој пат, таа и нејзиниот партнер Марко беа забележани на црвениот тепих на „Ривер фестивал“, во Белград.

Актерката беше облечена во краток, сребрен фустан, а модната комбинација ја комплетира со црна чанта и виолетови потпетици. Марко се одлучи за малку посуптилна комбинација. Двајцата изгледаа среќно и заљубено.

Да се потсетиме, Анѓелка долго време ја криеше новата врска и бременоста, бидејќи Марко беше најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг. Парот се разведе во 2020 година, но останаа во добри односи. Инаку, ова е второ дете за актерката, а прво за нејзиниот партнер.

Фотографиите од актерката може да ги погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот