ФОТО | Марија Шерифовиќ пристигна во Белград со синот: Ги пречека новогодишна атмосфера во домот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српската пејачка Марија Шерифовиќ неодамна доби син со помош на сурогат мајка. Бројни пријатели и познати личности воодушевено и со многу љубов ѝ честитаа на пејачката за новата улога во животот.

Марија со денови не ја крие среќата што е покрај нејзиниот син Марио. Првата објава со бебето го привлече целото внимание на јавноста, а сега пејачката откри дека пристигнале во топлиот дом во Белград и дека наскоро ги очекуваат посетите од сите драги луѓе кои едвај чекаат да ја видат.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Ајде баби, дедовци, тетки, чичковци, пријатели, браќа и кумови – прифаќаме подароци од утре во 10:00 часот“, напиша Марија покрај фотографијата од својот дом.

 

Инаку, Марија ја чуваше во тајност бременоста на сурогат мајката и информациите за таткото. Пејачката потпишала договор со кој се гарантира тајноста на податоците, па затоа не смее јавно да открива кој е таткото на детето, ниту пак, која е сурогат мајката која го донела нејзиниот син на свет.

Сепак, таа во изминатиов период одлучи да проговори за целиот процес преку кој го добила Марио и зошто се одлучила за сурогат-мајчинство.

Марија Шерифовиќ откри зошто доби дете преку сурогат-мајка: Неколку пати пробав да забременам…

Марија Шерифовиќ откри зошто доби дете преку сурогат-мајка: Неколку пати пробав да забременам…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот