ФОТО: Македонија во албумот на „Панини“ за Европското првенство

На социјалните мрежи се објави дел од албумот за следното Европско првенство, а таму за првпат се наоѓа и македонската репрезентација.

Македонец кој живее во Швајцарија ја сподели оваа фотографија, а наскоро се очекува во нашата земја, како и во останатате европски земји, албумот да биде во продажба.

Вообичаено албумите на „Панини“ за европските и светски шампионати излегуваат овој месец, но сега поради пандемијата на коронавирусот излегувањето на албумот е пролонгирано.

Во делот каде што е македонската репрезентација, се наоѓаат играчите Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Езѓан Алиоски, Енис Барди, Елиф Елмас, Тихомир Костадинов, Бобан Николов, Стефан Спировски, Илија Несторовски, Горан Пандев, Влатко Стојановски, Александар Трајковски и Иван Тричковски.

Овој период избраниците на селекторот Игор Ангеловски се подготвуваат за првите три натпревари од квалификациите за Светското првенство, прв ривал е Романија в четврток во Букурешт (20.45 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот