ФОТО | Критики за Инфантино: Правеше селфи покрај телото на Пеле

Фото: Тwitter

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино присуствува на погребот на Пеле во Бразил, но со еден потег на погребната церемонија Инфантино собра низа негативни коментари.

Погребот на Пеле се случува денес, откако телото цели 24 часа беше изложено на стадионот во Сантос каде што од Пеле се простија илјадници навивачи. Инфантино се најде помеѓу познатите лица кои пристигнаа да оддадат последна почит на Пеле.

Но, претседателот на ФИФА налути дел од јавноста со фотографијата која се појави на социјалните мрежи на која може да се види како тој прави селфи покрај телото на Пеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот