ФОТО | Која е новата девојка на Канје: Имала проблеми со зависности, се прослави со Адам Сендлер…

јулија фокс
Јулија Фокс и Канје Вест / Фото: Принтскрин Јујтуб/Инстаграм

Се чини дека познатиот рапер Канје Вест конечно ја преболи поранешната сопруга Ким Кардашијан, па веќе е виден на неколку состаноци е виден со згодната актерка Џулија Фокс.

ФОТО | Најофицијално што може: Џулија Фокс објави цел есеј за состанокот со Канје Вест, Је организирал цела фотосесија за неа во ресторанот

Инаку, Џулија е позната њујоршка уметничка, активистка, изведувачка, а некои дури ја нарекуваат и муза.

„Сакам да се истражувам себеси во секој аспект. Никогаш не сакам да се ограничувам врз основа на тоа што другите ми велат дека сум“, изјави 31-годишната Фокс за „Hollywood Reporter“.

Актерката својата најважната улога во кариерата ја одигра рамо до рамо со актерот Адам Сендлер во филмот „Uncut Gems“ од 2019 година, а пред тоа работела во слаткарница, продавница за чевли и слично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kkwlive

Имала проблеми со предозирање на само 17 години и била зависна од хероин и лекови против болки.

„Вистинско чудо е што сум добро бидејќи многу луѓе со кои пораснав не се добри. Тие сè уште се зависници или се во затвор. Многу од нив загинаа“, изјави таа во една прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🌹 (@obsessionkylie)

Џулија е позната како актерка, активистка и муза која често има свои перформанси, можеби токму тоа ги зближило со нејзиниот нов дечко Канје.

Џулија го роди својот прв син Валентин на почетокот на минатата година кога Ким и Канје се разведоа, а радосната вест ја објави на својот инстаграм-профил со разголени фотографии од трудничкиот стомак. Џулија беше во брак со Петер Артемиев.

„Јулија и Канје се заедно. И двајцата штотуку излегоа од врска, многу си помагаат. Тие се на некој начин сродни души и тоа е прекрасна глетка“, изјави извор близок на парот за „Page Six“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fashionissta1 (@fashionissta1)

Откако Џулија веројатно „ненамерно“ носеше ист фустан како Ким, многумина на социјалните мрежи ја критикуваат или пак, ја споредуваат со познатата старлета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот