ФОТО | Кога соседот од зградата живее на километар од вас: Најдолгата зграда на светот се наоѓа во Виена

Фото: Edward Westmacott / Alamy / Alamy / Profimedia

Зградата Карл Маркс Хоф е најдолгата станбена зграда во светот и веројатно најпознатиот пример на социјални станови во Виена. Се наоѓа во Хајлигенштад во Доблинг, 19-тиот округ во Виена и е вистинска икона на резиденцијалниот развој на социјалистичка Виена во 1920-тите и 1930-тите, пишува „Пункуфер“.

Изградена е на простор кој до XII век бил Дунав, длабок и пловен. Со текот на времето, течението го променило својот пат, а нивото на водата се намалувало, така што кон средината на 18 век останало само мало езеро.

Фото: akg / viennaslide / Harald A. Jahn / akg-images / Profimedia

Карл Маркс Хоф е изграден според проектот на Карл Ен, ученик на Ото Вагнер, а бил завршен во 1930 година, по само три години изградба. Источната страна на комплексот непрекинато се протега во должина од четири трамвајски постојки или – километар и речиси двесте метри и има четири адреси.

Виена, како и другите европски градови, се соочи со голема станбена криза, пренаселеност и масовна невработеност по Првата светска војна. Во тоа време, неговата градска власт не одговори на овие проблеми со преселување на населението во периферијата, туку со обнова на центарот на градот. Идејата беше да се задржат работниците на работни места во густо населени и поврзани заедници, но со многу повисок стандард од претходно.

Фото: Инстаграм/ ale__frn

На Карл Ен му беше дадена тешка задача да дизајнира зграда која, покрај поволно домување, ги нуди и сите капацитети неопходни за удобен живот според современите стандарди. Впрочем, Карл Маркс Хоф требаше да прими пет илјади жители (што е повеќе од некои наши градови), така што е разбирлива потребата од нестанбени содржини.

Со 1.382 станови од 30-60 метри квадратни и сите потребни комунални и социјални објекти – перални, јавни бањи, градинки, лекарски ординации, кафулиња, пошта, библиотека, аптека, ветеринарна клиника и стоматолог, Карл-Маркс-Хоф до ден денес остана модел во планирањето на гигантските станбени комплекси.

Изградениот дел од комплексот, кој ги следи рабовите на парцелата и наликува на бедем, изнесува нешто повеќе од 18 отсто од површината. Останатите се уредени дворови, игралишта и внатрешни градини. Ова е вистинската вредност на ова ремек дело на архитектурата – добар распоред и добро испланирани објекти кои гарантираат добар живот за сите станари.

Фото: Инстаграм/ ale__frn

Апартманите во Карл-Маркс-Хоф се меѓу првите станови во Виена со внатрешни тоалети, проточна вода и балкони. Современиците го нарекоа и комплексот Ringstrasse des Proletariats (Тркалезна улица на пролетаријатот), парафраза што се однесува на главната виенска улица Рингштрасе, која опишува круг околу центарот на Виена и која била замислена како приказ на големината и славата на Хабсбуршкото царство.

За време на Граѓанската војна во Австрија во 1934 година, полицијата, австриската армија и австрофашистичката паравојска ја бомбардирале зградата и невооружените станари, па Карл Маркс Хоф стана симбол на антифашизмот.

Денес, зградата е реновирана и сè уште е станбена, иако многу од оригиналните содржини повеќе не постојат или нивната намена е променета. На пример, комуналната бања или Waschhouse бр. 2 , денес отворен за јавноста како музеј на „црвената Виена“ – Das Rote Wien Waschsalon.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот