ФОТО: Ќерката на Кортни Кокс наполни 17 години и доби бројни роденденски честитки

Ќерката на Кортни Кокс, Коко доби прекрасни роденденски честитки по повод нејзиниот 17ти роденден од нејзините родители, како и од нејзината кума – Џенифер Анистон.

„Среќен 17ти роденден на мојата силна, чувствителна, грижлива, полна со љубов, убава, талентирана и мудра Коко. Те сакам премногу“, напиша актерката Кортни Кокс во објава на својот инстаграм – профил во која Кортни силно ја прегрнува својата ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Кратко време по објавите на актерката Кокс, нејзината најдобра пријателка во вистинскиот живот и кумата на Коко, Џенифер Анистон, сподели постара фотографија од неа и славеничката: „Среќен роденден моја слатка Коко! Кумата те САКА,“ напиша Анистон во нејзината честитка.

instagram
instagram

Таткото на Коко, Дејвид Аркет исто така објави стари фотографии, посакувајќи ѝ среќен роденден на ќерка си. „Не би можел да сакам нешто или некој повеќе од тебе. Ти благодарам што си своја. Те сакам со цело срце. Среќен 17ти роденден!“, напиша гордиот Аркет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Arquette (@davidarquette)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Arquette (@davidarquette)

Кокс и Аркет стапија во брак во јуни 1999 година, а се разделија во 2013 година.

„Пријатели сме и комуницираме најмногу заради Коко. Имаме супер однос“,  истакнал Аркет по разводот со Кокс, пренесува „People“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот