ФОТО | Хрватски тренер во Серија А испрати смртни закани кон колега, па се извинуваше

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Хрватскиот тренер Иван Јуриќ кој важи за еден од најтемпераментните во Серија А повторно ја помина границата во вчерашниот натпревар на Торино против Фиорентина и би можел да добие сериозна казна од раководството на лигата.

По крајот на натпреварот помеѓу Торино и Фиорентина, Јуриќ ги загуби нервите и на својот колега на спротивната страна му се обрати со зборовите: „Ќе ти го пресечам гркланот“.

Главниот судија на натпреварот го забележа и заслужено го испрати предвреме во соблекувалната. Набрзо и самиот Јуриќ сфати дека погрешил, па на прес-конференцијата откри дека ги смириле страстите со Италијано.

„Може ли да се прегрнеме пред телевизија? Навистина бев лош и ја поминав границата, морам да се извинам. Имаме ист тип на крв и темпераментни сме за време на натпреварите, се извинувам, но не можам да ветам дека вакво нешто нема да ми се повтори во иднина“, призна Јуриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот